Никола Тесла
Никола Тесла (Смилјан, Лика, 10 јули 1856 - Њујорк, 7 јануари 1943) e српски научник, истражувач и пронаоѓач на полето на електротехниката и радиотехниката и е познат како татко на наизменична струја и бројни футуристички пронајдоци.
Роден е во Смилјан, Австро-Унгарија, Србин по потекло, подоцна добива американско државјанство и станува граѓанин на САД. Тесла е најпознат по своите револуционерни откритија во областа на електромагнетизмот кон крајот на XIX и почетокот на XX век. Патентите на Тесла и неговата теоретска работа стануваат основа за формирањето на целокупниот систем на наизменичната струја, вклучувајќи го и конструирањето на полифазните системи (поточно трофазните), како и на индукциониот мотор, со кој се претвора во предводник на Втората индустриска револуција.

слика. Никола Тесла
По неговата демонстрација на безжичната комуникација (радиото) во 1893 година и откако е прогласен за неспорен победник во „Војната на струите“, тој станува најпочитуваниот и најголемиот американски и светски научник.
Покрај неговата работа во областа на електромагнетизмот и инженерството, генераторите, Тесла остава свој печат и во областа на роботиката, конструирањето на далечинскиот управувач и радарот, како и во развивањето на компјутерската наука, балистиката, нуклеарната и теоретската физика.
No comments:
Post a Comment